Спорт

Видео: Комитите им кажаа „ауфудерзен“ на Рајн Некар

Видео: Комитите им кажаа „ауфудерзен“ на Рајн Некар

Вардар со 28:25 го совлада германскиот тим Рајн-Некар во третото коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот тим игра одлично, на три меча забележа три победи, што секако е дополнителен мотив на мечевите кои ги игра на домашен терен да има прекрасна атмосфера.

За тоа се заслужни „Комитите“ кои на секој меч му пружаат голема поддршка на Вардар, а така беше и на мечот со Рајн-Некар, на кој гостите од Германија ги испратија со „ауфидерзен“.