(ВИДЕО) Коњановски: Во 2013 имаме504 милиони евра извоз на земјоделски производи

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски за време на денешното гостување на вестите на Канал 5 телевизија, зборуваше за земјоделските субвенции, кои годинава изнесува 140 милиони евра, како и за остнатите програми на Владата за развој и модернизација на зeмјоделството.

„Ние сме доследни на ветеното, уште во 2006 година кажавме дека оние скромни три до четири милиони евра кои дотогаш им се доделуваа на змјоделците нема да предизвикааат развој во змјоделието и тогаш многу луѓе не веруваа дека ние како Влада она што го кажавме тогаш ќе го исполниме. Имено уште тогаш кажавме дека повеќе стотици милиони евра ќе отидат за развој на земјоделието и доследни на тоа што го кажавме уште првата година имавме 20 милиони евра поддршка за земјоделците, веќе 2010 година поддршката за земјоделците изнесуваше 100 милиони евра за 2013 година да стигне до 135 милиони евра, а веќе оваа година 140 милиони евра“, рече Коњановски.

Министерот  додаде дека субвенциите се доделуваат на секој земјоделец и дека голем број земјоделци биле поттикнати да продолжат да се занимаваат со земјоделие.

„Има и огромен број на земјоделци кои покажуваат интерес да го прошират своето земјоделско стопанство, да добијат земја повеќе“, нагласи Коњановски.

Само за последните три години, нагласи тој, во период од 2011 до 2013 година се потпишани 5.212 нови договори за замја под концесија за околу 24.000 хектари.

Субвенциите според Коњановски, допринеле за тоа секоја педа македонска замја да се обработува.

„Во 2006 година имаме извоз на земјоделски производи од 242 милиони евра кон ЕУ и останатите земји, за ваќе 2013 да имаме 504 милиони евра извоз на земјоделски производи“, рече Коњановски, додавајќи дека од 2005 до 2013 година дупло се зголемил и извозот на вино надвор од Република Македонија.

Тој нагласи дека напредок има во секој сектор на замјоделието благодарение на субвенциите кои директно се исплаќаат кон земјоделците, како и на Програмата за рурален развој која многу допринесува за развој и модернизација на земјоделските стопанства.

„Во  петгодишната програма за развој на земјоделието се предвидени дополнителни 725 милиони евра кои во наредниот период ќе се доделат на земјоделците,“ потенцираше заменик министерот за земјоделство.

Освен дирекната финансиска помош за земјоделците, рече Коњановски, дел од Програмата за рурален развој е насочена и кон подобрување на замјоделската механизација.

„Само за последниот период од три години од 2011 до 2013 година доделени се нови 1.200 трактори по програмата 50:50, значи замјоделецот плаќа 50 отсто од трошците за тракторот, а останатие ги плаќа Владата на Република Македонија, како и околу 5.000 други елементи во земјоделието, односно помошна механизација“, додаде Коњановски.

Целото гостување на заманик министерот Коњановски во вестите на Канал 5, во видеото во продолжение.