(ВИДЕО) Корејскиот „капетан кукавица“ бегаше од бродот додека децата умираа

„Кукавица“! Тоа е насловот со кој водечкиот јужнокорејски дневен весник Кореa Тајмс, со снимка го покажува капетанот на траектот Ли Џон Сеок како побегнувал од траектот Севол, на кој засега загинаа 188 лица, а повеќе од 100 се водат како исчезнати.

Ли е капетан на траектот на кој при потонувањето на бродот загинаа 188 лица, главно тинејџери.Меѓу спасените е целиот екипаж на бродот, од кој поголемиот број се уапсени.

На снимката се гледа како Ли полугол влегува во чамецот за спасување, додека бродот стои под агол од 45 степени.Работникот на крајбрејжната стража изјавил дека екипажот на бродот, при спасувањето не кажале дека не се патници.