Коуртуа нема да брани против Челзи

Претседателот на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, Енрико Черезо, откри дека првиот голман на популарните “јорганџии”, Тибо Коуртуа ќе нема право за настап во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, доколку за противник Атлетико Мадрид го добие лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Репрезентативецот на Белгија е во сопственост на англискиот клуб, а на “Винсенте Калдерон” настапува како позајмен голман.

Во договорот за позајмица има клаузула која јасно кажува дека Атлетико Мадрид ќе мора да плати 8 милиони фунти доколку Коуртуа брани против матичниот клуб.

“Ако Челзи биде противник на Атлетико Мадрид во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, тогаш Коуртуа нема да брани нити во Мадрид, нити во Лондон. Атлетико Мадрид не може да си дозволи таква сума. Не можеме да освоиме толку пари за два натпревара”, изјави Черезо.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.