ВИДЕО: Краде од џебовите на англиските полицајци пред нивни очи

Бора Милојковиќ е убедливо најпознатиот „крадец“ од Србија кој своевремено станал светска ѕвезда и заработил меѓународна слава и огромна сума на пари.

Тој е познат по прекарот „Бора крал на џепчиите“. Тој својата слава ја стекнал во претставите во еден од најпознатите европски циркуси, швајцарскиот „Циркус Кние“.

Специјалност му била способноста од гледач да украде паричник, а истиот да се најде во џебот на друг гледач. Покрај тоа можел на соговорникот да му го тргне часовникот од рака, трегерите од панталоните и наочарите од лицето, а притоа тој ништо да не забележи.

Бора своите точки ги усовршувал и ги довел до перфекција. Набрзо, неговата моќ ја забележале полицајците од британскиот Скотланд Јард, па го изнајмувале да им одржи предавања за неговата техника.

Со неговата работа тој успеал да заработи пристојна сума пари, со која купил цела улица во Грац, Австрија која денес се вика „Боравег“.

Од Бора овој занает го научил и неговиот син кој ја продолжил традицијата. Неговото уметничко име е Чарли Бора, кој и покрај тоа што настапува во претставите ширум светот редовно ги советува австриската и швајцарската полиција.

Погледнете една од неговите претстави, воедно и предавање кое им го одржал на полицајците.