Магазин

ВИДЕО: Креирано пиво кое подмладува

ВИДЕО: Креирано пиво кое подмладува

Пивото веројатно е најпопуларниот алкохолен пијалак во светот, а секако и едно од најстарите средства за уживање. Видови на пива кои постојат не можат да се избројат, но сепак еден бренд се издвојува по нешто.

Тоа е  новото јапонско пиво „Precious“ кое наводно може да ве направи помлади и поубави. Оваа јапонска пиварница тврди дека нивниот производ содржи колаген – природен протеин кој ја одржува кожата затегната, свежа и младолика.

Како што луѓето стареат, залихите на калоген се трошат, што е еден од главните причини зошто луѓето добиваат брчки.

Пивото „Precious“ кое го направи јапонската компанија „Suntory“, содржи два грама колаген по лименка и првенствено е наменето за жените.

– Мажите сега знаат дека девојката пие „Precious“ – ова беше една од бизарните реклами за новото пиво.

Производите кои содржат колаген веќе со години се популарни во Јапонија: на пример, во рестораните е најпопуларна храна со природно високо количество колаген, како што се свинските нозе, перки од ајкули или пилешката кожа.