ВИДЕО: Кривична за седуммина вработени во Министерството за животна средина

Имено, пријавените седуммина, во својство на службени лица, вработени во Министерството, Државниот инспекторат и Управата за животна средина, во текот на 2014 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување на одредени правни или физички лица кои се јавуваат во својство на баратели на дозволи или потврди за вршење дејност-увоз на стоки со ознака Д4, односно кои согласно тарифникот се под режим на ограничен увоз, а кои дозволи се издаваат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, им овозможуваат противправно да се стекнат со истите и покрај тоа што не поседуваат целокупна документација, информираат од МВР.

Оттаму наведуваат дека покрај тоа, пријавените вршеле редовни инспекциски контроли и притоа во записниците од извршената контрола им внесувале лажни податоци, односно податоци кои не соодвествувале со состојбата на лице место со цел да не бидат казнети, а да бидат фаворизирани пред други правни субјекти, по што продолжувале противправно да обавуваат дејност, а за сметка на тоа се стекнувале со противправна имотна корист.

За истото да биде реализирано, осомничените сопственици и управители на правни субјекти, на пријавените службени лица им ветувале, односно им давале поткуп во форма на парични средства, угостителски услуги и патувања во земјата и странство за да постапат противзаконски во делот на издавање различен вид на дозволи и покрај што барателите не ја поседувале целокупна документација.

На истиот начин осомничените сопственици и управители на правни субјекти се обидувале да издејствуваат и скусување на законски предвидените рокови потребни за издавање на одреден вид на дозволи, поточно ексим дозволи за увоз на стоки, како и да вршат притисок врз точно посочени правни субјекти–создавачи на отпад од пакување да склучат договори со точно посочени Управувачи со отпад чии сопственици и управители се дел од пријавените, а кои пак се во блиски релации со службените лица.