Свет

ВИДЕО: Крвав Божиќ: Камион покоси пешаци во Глазгов

ВИДЕО: Крвав Божиќ: Камион покоси пешаци во Глазгов
Шест луѓе загинаа, а седум се повредени во центарот на Глазгов кога на нив налета камиот за собирање на отпад, кој одеднаш излета на тротоарот и ги покоси пешаците.
Камионот удри во ѕидот од хотелот Милениум на плоштадот „Џорџ“, додека пешаците чекаа да поминат улица кај станицата „Квин стрит“.Очевидци велат дека возачот на камионот ја загубил контролата, по што возилото соборило семафор и излетало меѓу пешаците.