ВИДЕО: Крвави протести на синдикатот во Брисел

Околу 40.000 луѓе од цела Европа денеска во Брисел протестираа против мерките за штедење. Протестот беше организиран од страна на Федерацијата на европски синдикати. Иако поголемиот дел од протестот минал мирно, сепак маршот на незадоволните синдикалци заврши со насилство помеѓу демонстрантите и полицијата при што десетина луѓе биле повредени. 

Според полицијата, насилствата ги предизвикале синдикалците од Антверпен кои почнале да фрлаат камења кон полициските службеници, по што полицијата возвратила со солзавец и водени топови.