Видео: Крвна одмазда, причина за убиство на Албанец во џамија

Пукотници од пиштол ја прекинале петочната молитва во џамијата во Сент Гален.

Српскиот државјанин (52) од пиштол пукал во Меметакиј В. (52) од Албанија.

Инцидентот се случил во џамија за време на петочната молитва, а Меметакиј повеќепати бил застрелан и починал на лице место.

Името на напаѓачот не е соопштено, а наведено било дека е државјанин на Србија со Албанско потекло. Тој веднаш бил уапсен, но убиството го признал откако бил испрашуван од страна на инспекторите.

Исламскиот центар во Швајцарија остро го осудиле инцидентот, за кој се смета дека бил епилог на 18-годишна расправија, која како што се наведува немала политичка ниту религиска позадина.

Швајцарските медиуми пишуваат дека убиениот Албанец пред 19 години со нож го убил братот на српскиот државјанин кој му се осветил во петокот.