ВИДЕО: Ку Клукс Клан во акција: Обучуваат членови и регрутираат деца

Говорејќи на тајниот состанок на клан во Западна Вирџинија, еден член, кој се претставил како Сем, изјавил дека мажите, жените и децата ќе бидат подучени на техники за преживување, кои подразбираат борба гради в гради.

Наводно на овие техники ќе ги подучуваат припадници на воените сили кои во своите американски домови се враќаат од разни светски боишта.

-Ќе се вооружаме и ќе се оспособиме за борба гради в гради. На жените тоа нема да им се допадне, но како жртви ќе ги користиме животните. На зајците и верверичките ќе ви покажеме како се дере кожа, рекол Сем.

Оваа група, за која се верува дека е активна во најмалку три држави, се подготвува не само за расна војна, за која тврдат дека се приближува, туку и за пропаст на модерното општество.

Доколку нивните намери се покажат како вистинити, ова ќе биде првпат во историјата на ККК своите членови да ги обучува да користат оружје. Воедно се работи за заштрашувачки правец во кој ККК ги води своите членови.

Но, веројатно најлошата работа која моментално се случува таму е регрутација на децата по пат на летоци и друштвените мрежи. Целта им е да ги привлечат децата на возраст помеѓу 13 и 17 години кои потоа би ги „одгледале “ по свои начела.

На приложеното видео зборува брачен пар чии деца исто така се припадници на оваа група.

-Не ги учиме своите деца да не смеат да имаат пријатели Афроамериканци. Ние само ги одгледуваме на начин да за себе го одберат најдоброто, тврди мајката Аманда, сопруга на Сем.

-Но, тие не ги одбираат нив, ниту Мексиканците, додава таа.

Иако факт е дека Ку Клукс Кланот денес брои помалку од 7 илјади членови низ светот и е само бледа копија на сите организации од минатото, никако не смее да се потцени напорот кој тие го вложуваат во регрутирање на младо членство кое за неколку години може да претставува сериозна закана за општеството.