ВИДЕО: Куче спаси бебе од сигурна смрт

Приказната за ова куче покажува колку животните знаат да бидат великодушни, без разлика дали живеат згрижени или на улица.

Додека куче скитник наоколу барало храна, случајно нашло штотолку родено бебе, а најстрашно од се е што папочната врвца се уште била врзана за новороденчето!

Кучето го земало во уста бебето и се приближило до најблиската куќа, го оставило бебето пред прагот и почнало да лае!

Сакало да повика некој кој би го спасил новороденчето. Семејството кое живеело во куќата го слушнале кучето како лае, гребе и бара помош! Кога ја отвориле вратата останале зачудени.

Семејството го однело бебето во болница, а благодарение на великодушноста на ова куче бебето преживеало.

Имено, настанот се случил во Саудиска Арабија.