ВИДЕО: Куче трча по возило на Брза помош во кое е неговиот сопственик

На оваа видео снимка можете да го видите слаткото мало кутре кое неуморно трча по возилото на Брзата помош во кое се наоѓа неговиот сопственик.

Видеото дефинитвно ќе ве разнежни.

Постапката на верното куче снимено во Бразил е уште еден доказ дека кучето е најдобар пријател на човекот.

Според локалните медиуми, кучето било до сопственикот кога тој доживеал епилептичен напад. Кога амбулантното возило тргнало кон болница, кучето започнало да трча и не покажувало знаци дека ќе се откаже. Трогнати од решителноста на кучето, медицинските лица во еден момент го пуштиле внатре во возилото.