ВИДЕО: Кучиња скитници дошле на погребот на жената која ги хранела!

Семејството Суарез од Мексико останало изненадено кога на погреб на нивната мајка дошле кучиња скитници, која таа ги хранела.

Маргарита Суарез починала по борбата со тешка болест, а во текот на животот секој ден ги хранела уличните кучиња и мачиња, кои доаѓале до нејзиниот дом. Освен тоа, на секое излегување од нејзината куќа носела кесичка со храна, за по пат да ги храни безомните кучиња на кои ќе наиде, пренесуваат тамошните медиуми.