ВИДЕО: Куќи во Сингелиќ спасени од уривање

Петти ден по силното невреме кое го зафати Скопје и околината, механизацијата е на терен и активно се работи за да се санираат штетите од поплавите.

Денеска во Сингелиќ беа спасени куќи да не се урнат.

Со помош на механизацијата, беа отстранети потпорните ѕидови кои претставуваа закана за некои куќи.

Метеролозите велат дека невремето од саботата е феномен што се случува еднаш во 1.000 години.

Извор: Курир.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.