ВИДЕО: Кутре се онесвести откако по 2 години ја виде сопственичката

Ова кутре преплавено од емоции буквално се онесвести откако по две години ја виде Ребека, која е член на семејството кое го одгледува.

Ребека се преселила во Словенија пред две години но не можела со себе да го поведе своето милениче Кејси, кој очигдно не ја заборавил и покрај долгото отсуство.

Кога дошла во својот семеен дом во Пенсилванија, Кејси ја дочекал со воодушевување. Оваа снимка на која се гледа емотивниот момент за кратко време стана вистински хит, за што сведочи и бројот на прегледите.