ВИДЕО: Лавров: САД и ЕУ сакаа да организираат револуција во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД и ЕУ во Украина се обиделе да организираат уште една „обоена револуција“, односно неуставна промена на режимот.

– Западот ја користи Украина како пион во својата геополитичка игра, рече Лавров.

Тој додаде дека Украина не треба да биде искористена во геополитичката пресметка на силите, туку треба да послужи како спојка.

Лавров потенцираше дека нема причини да не верува дека „САД го водат шоуто во Украина“.

Видеото можете да го погледнете овде.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.