Спорт

ВИДЕО: Лазаров – Нашиот турнир вистински започнува во вторник со мечот со Чешка

ВИДЕО: Лазаров –  Нашиот турнир вистински започнува во вторник со мечот со Чешка

Еден ден по натпреварот со Данска и поразот од големиот фаворит, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров истакна  нашиот турнир вистински започнува во вторник со мечот со Чешка.

„Мислам дека конечниот резултат е превисок и дека реално беше да загубиме со 3-4 гола разлика, но сакале ние да признаеме или не Данска има поквалитетен тим и да бевме оние вистинските можеби повторно ќе не победеше. Чешка ни лежи повеќе заради стилот на игра. Можеби не очекував толку убедливо да загубат од Австрија, но поразот од Австрија го очекував„ рече нашиот капитен на денешниот брифинг со новинарите.

Со оглед на тоа што со Данска немаме ниту една победа во официјален меч, сега и традицијата не е така црна што се однесува до нашиот нареден противник – Чешка. Од Ниш и нашата победа за пласман во втората фаза, не сме играле со Јиха и другарите и потсеќањето на последниот меѓусебен меч ни буди пријатни спомени.

Нека биде така и во вторник во Хернинг.