ВИДЕО: „Леден предизвик“: Чарли Шин има опасна конкуренција

Актерот Патрик Стјуарт уште еднаш докажа дека е вистински господин.

Тој ја прифати номинацијата за леден предизвик, но наместо да се полее и да вришти, тој тоа го изведе скромно, елегантно, како што само тој знае.

Стјуарт без ниту еден збор напиша чек за АЛС фондацијата, потоа зеде кофа полна мраз, од која стави неколку коцки мраз во чаша, си тури виски и наздрави.