недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

ВИДЕО: Лео претера со алкохолот па го заборави Оскарот во ресторан!?

Леонардо Ди Каприо долго сонуваше за мигот кога златната статуетка конечно ќе стаса до неговите раце, но за малку ќе останеше без неа.

leo-1

Поврзани вести

Леонардо Ди Каприо долго сонуваше за мигот кога златната статуетка конечно ќе стаса до неговите раце, но за малку ќе останеше без неа.

Актерот по свечената церемонија за доделување на наградите, каде го доби признанието за најдобра машка улога во филмот „Повратник“ славеше цела ноќ. Тоа беше и очекувано со оглед на тоа што е познат како љубител на лудите забави. Но, малку недостасуваше поради тоа да остане без долго посакуваната награда.

Папараците успеале да го снимат Лео додека се забавувал со пријателите во еден рестоиран, но по се изгледа во таа прилика малку претерал со пијалокот. На снимката што ја објавија американските таблоиди се гледа како Лео седнува во автомобилот и тргнува дома, ља потоа некој трча од ресторанот и му го подава шишето шампањско и заборавениот Оскар.

Погледнете го видеото!

Најчитани вести