ВИДЕО: Летен хит: Слушнете ја новата песна на Филип Божиновски

Филип Божиновски, кој со ланскиот настап на „Ѕвездите на Гранд“ ја направи Македонија горда, останува посветен на неговата љубов-музиката.

Тој ја објави својата нова песна за Гранд продукција која со сигурност ќе стане голем летен хит.

-Конечно излезе мојата нова песна овојпат со видео спот „Анџеле“. Комплетен автор на песната е Милан Раџен, а спотот е сниман во нашиот Охрид во режија на добро познатиот Даниел Јовески. Песната е баш за овој период, летна е, има добар ритам и се надевам дека на публиката ќе и се допадне, вели Филип.

На социјалните мрежи неговите фанови од цел Балкан испраќаат низа позитивни коментари.