(ВИДЕО) Лидерот на ИСИС со Џемс Бонд-часовник од 6.500 евра

Лидерот на ИСИС, кој на Рамазан се појави во видео и ги повика муслиманите да му бидат послушни, предизвика конфузија и  стана предмет на потсмев зашто на раката му се виде Џејмс Бонд-часовник од 6.500 долари.

Абу Бакр ал-Багдади се појави во јавноста по гласините за неговата смрт.
Се претпоставува дека тој им се обрати на муслиманите од Големата џамија во центарот на Мосул, облечен во долга црна наметка и црн турбан. Но сунитскиот радикален лидер стана предмет на потсмев на социјалните мрежи откако сите на раката му видоа скап рачен часовник, најверојатно „ролекс“ или „секонда“ или пак „омега симастер“, кој се појавува во филмовите за Џејмс Бонд од 1995 година и чини 6.500 долари.Критичарите велат дека неговиот избор на часовник е спротивен на содржината на неговиот контроверзен говор, во кој се обидуваше да звучи како исламски лидер од пред повеќе од 1.000 години.Други велат дека носењето таков скап додаток е во спротивност со содржината на неговата проповед, во која тој ги опишува своите следбеници како еднакви на него.

„Јас не сум подобар од вас ниту подоблестен од вас“, вели Ал-Багдади во видеото. „Јас сум вали (лидерот) што ве надгледува, иако не сум најдобриот од вас. Ако ме видите на вистинскиот пат, помогнете ми. Ако ме видите на погрешен пат, советувајте ме и запрете ме. И бидете ми послушни сè додека јас сум му послушен на Бога.“