ВИДЕО: Лион и Шалке без победи се пласираа во четврфинале, Манчестер јунајтед со минимална победа над Ростов

Стрелец на единствениот гол беше Хуан Мата во 70.минута од средбата, по убавата акција на Мхитарјан и на Ибрахимовиќ. Минималниот триумф сепак беше доволен за пласман во следната рунда, откако мечот во Русија заврши 1-1.


Лион издржа во Рим, иако загуби со 2-1. Но, имаше предност од два гола по првиот меч. Лион прв дојде до водство на „Олимпико“, откако по еден слободен удар во 16.минута, Дијакаби скокна највисоко и со удар со глава ја затресе мрежата на италијанскиот тим. Но, само една минута подоцна возврати Стротман на спротивната страна. Во 60.минута, по акцијата на Ел Шарави, гостинскиот играч Тусар си постигна автогол, но на Рома и беше потребен уште еден гол за пласман понатаму поради поразот од 4-2 во Франција. Сепак, фудбалерите на „волчицата“ не успеаја.

Во германското дерби, Шалке 04 се пласира во следната рунда, играјќи 2-2 на гости против Борусија Менхенгладбах. Првиот меч заврши 1-1, па поради двата гола постигнати на гостински терен, тимот од Гелзенкирхен оди понатаму. Горецка и Бенталеб од пенал донесоа реми, откако по првиот дел Борусија Менхенгладбах имаше водство од 2-0, со головите на Кристенсен и на Даху.

Ајакс со 2-0 го совлада ФК Копенхаген во Амстердам и ја елиминира негативата од еден гол (1-2) од првиот меч. Траоре и Долберг од пенал беа стрелци на головите за холандскиот тим кој го продолжува патот во Лигата на Европа. Андерлехт и по вторпат го совлада АПОЕЛ со 1-0, со голот на Ачимпонг во 65.минута од средбата.


Во последниот дуел од терминот од 21.05 часот, Андерлехет ја потврди победата од првиот меч над Апоел од Никозија од 1-0 и со идентичен резултат славеше и во реваншот на домашен терен.

Четвртфиналисти Лига на Европа:

Бешикташ, Генк, Селта, Ајакс, Андерлерхт, Лион, Манчестер јунајтед и Шалке.

Ждрепката ќе се изврши утре околу пладне во седиштето на УЕФА во Нион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.