ВИДЕО: Љубоморната прва придружничка направи вистински хаос

Оваа Бразилка не можела да го поднесе поразот, па направила вистински хаос на изборот за Мис Амазон 2015-та година.

На изборите за мис, учесничките обично учат дека треба да бидат отмени и достоинствени, но, не можеме сите да останеме достоинствени кога губиме. Оваа Бразилка не можела да го поднесе поразот, па направила вистински хаос на изборот за Мис Амазон 2015-та година.

2
Драмата се одиграла само неколку моменти по прогласувањето на победничката Каролина Толедо. Првата придружничка, Шеислана Хајала, прво пришла да ѝ честита на победничката, а потоа ѝ ја земала круната од глава, притоа нарекувајќи ја со навредливи зборови.

3

Шеислана наводно го направила тоа бидејќи дознала дека изборот е наместен, и дека Каролина платила за својата победа.