ВИДЕО: Љубовни проблеми веројатна причина за скокот на девојката во Вардар, објавена аматерска снимка од ќотекот што го доби после

Драма во вторникот околу пладне се одвиваше во самиот центар на  Скопје кога  27-годишна девојка скокна во Вардар во близина на Камениот мост. Од полицијата каде околу 13.30 минути бил пријавен случајот информираа дека девојката ја спасил татко и кој заедно со уште двајца мажи влегле по неа во реката.

На аматерското видео се гледа како потоа ѝ викаат и ја тепаат.

„Очевидци кои не сакаат да зборуваат пред камера велат дека љубовни проблеми најверојатно биле причината девојката да скокне во Вардар“, објави Сител.

Подолго време пред настанот седела сама на клупа на кејот  од страната на кафетериите и викала по момче и девојка кои биле од спротивната страна на реката. Според очевидците, откако скокнала во реката се заплеткала во ѓубрето собрано околу фонтаната и барала помош.

Граѓани повеќе од половина час се обидувале да ја извадат девојката од водите на Вардар.

Во спасувачката мисија пристигнала и екипа на противпожарната служба, а била повикана и Брза помош.

Овој несекојдневен настан предизвика внимание кај бројните минувачи во центарот на градот.