Свет

ВИДЕО: Лудило во САД, шестгодишник обвинет за сексуално злоставување

ВИДЕО: Лудило во САД, шестгодишник обвинет за сексуално злоставување

Хантер Јелтон, шест годишно момче од Канон сити во Колорадо ја заработи својата прва казнена пријава, и тоа за сексуално злоставување.

На часот по музичко во рака ја бакнал соученичката, која подолго време му се допаѓала.

Неговата мајка изјавила дека Хантер не ни го разбира зборот секс, а училиштето го обвинуваат за злоставување, иако само ја бакнал во рака соученичката во која бил заљубен подолго време.

„На девојчето тоа не му сметало, но другите деца кои го виделе и раскажале на учителката. На разговорот кај директорот прв пат слушнав дека го обвинуваат мојот мал син за сексуално злоставување“, рекла таа која признала дека нејзниот син понекогаш е проблематичен и темпераментен и дека бакнал девојче и во образ на училиште. Но, таа потенцира дека пријавата за сексуално злоставување е престрога.  Таа моли да се тргне таа нелогична тужба од неговото досие која ќе го прати цел живот.

Но, од училиштето не мислат така. Тие велат дека неговото однесување може да се протолкува како сексуално вознемирување и дека казната е потреба за да се спречат пострашни инциденти во иднина.  Родителите на девојчето се согласуваат со одлуката на директорот.