Видео: Лузијер објасни зошто го нацртал Мухамед

Ние сме карикатуристи и цртаме мали знаци и ликови, како кога бевме деца. И терористите биле деца и тие цртале како и ние, токму како што сите деца го прават тоа. Во еден момент тие ја изгубиле смислата за хумор. Ја изгубиле душата на детето во себе, изјавил преживеаниот каракатурист низ солзи.

49-годишниот Реналд Лузијер го преживеа масакрот благодарение на тоа што задоцнил на работа на кобниот ден. Тој додава дека му е жал што повторно го нацртале пророкот Мухамед, но дека тоа на сликата е само „момче кое плаче“.

Инаку денес ќе излезат дури 3 милиони примероци од најновиот број на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, поради чија што карикатура минатата недела радикални исламисти убија 12 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.