ВИДЕО: Мачкини очи за мистериозен изглед

Моливчето за очи претставува најголем предизвик во шминкањето затоа што овој магичен производ ги истакнува очите и го продлабочува погледот, со што на целокупниот изглед му дава извесна доза на мистериозност.

Без разлика дали користите моливче за очи, сенка или туш, мачкините очи може да бидат доста тешки за постигнување, затоа што оваа техника бара малку вештина и вежбање.

За да постигнете совршена линија со еден потег и за да ги истакнете вашите очи, важно е максимално да ја опуштите раката и да го нагласите добриот агол. Исто така, во зависност од уметноста на шминкањето, ќе може да изберете туш за очи или моливче, или пак лепенки кои се малку поедноставни за апликација.

За да научите да ги шминкате очите со моливче за очи еве ги најдобрите туторијали што ќе ви помогнат брзо и лесно да ја совладате техниката.

Основен изглед

Во ова видео професионалниот шминкер ви појаснува како да завладеете со основите за шминкање на мачкини очи. Со малку вежба, брзо ќе успеете да го добиете класичниот изгкед на мачкини очи што можете да го носите секојдневно.

Мачкини очи со лепенки

Дали сте слушнале за овие лепенки? Покрај техниката за нанесување на туш за очи, Мишел Фан открива како да ги користите лепливите лепенки за да го постигнете истиот ефект.

Драматичен изглед

Ако сакате да пробате со нешто подараматичен изглед, во ова видео ќе видите како да го копирате изгледот на Софија Лорен.