Магазин

ВИДЕО: Здрави мафини со само три состојки

ВИДЕО: Здрави мафини со само три состојки

Ова е наједноставниот рецепт за мафини од само 3 состојки!  Овој десерт се прави моне брзо и лесно, а исто така е мошне вкусен и што е најважно – здрав!

Потребни ви се малини, 2 банани и 4 јајца.

Подготовка:

Изгмечете 2 банани, потоа во нив додадете и изматете 4 јајца. Со оваа смеса прелејте ги малините што претходно сте ги ставиле во плех за мафини.

Удрете со плехот од масата неколку пати за да го исфрлите насобраниот воздух. Печете 12 минути на 190 степени. По ова, извадете ги од рерна и оставете ги малку да се изладат пред да ги извадите од плехот.