(ВИДЕО) Мајли Сајрус оди во затвор – Го избришала задникот со мексиканското знаме

Изгледа дека младата контроверзна пејачка Мајли Сајрус ќе заврши во затвор. Но, не поради својата музика, туку поради скрнавењето на знамето на Мексико.

На настапот во Монтереј, Мексико, еден од танчарите кој настапувал со Мајли, го искористил мексиканското знаме да го „избрише“ задникот на скандалозната пејачка.

Иако тоа е дел од нивната кореографија, мексиканските власти се навредиле поради користењето на нивните национални симболи на тој начин.

Поради тоа, Мајли Сајрус изгледа ќе мора да плати казна од 1.200 долари и да „одлежи“ 36 часа во мексиканскиот затвор.