Магазин

ВИДЕО: Македонците „растурија“ на Happy

ВИДЕО:  Македонците „растурија“ на Happy

Лудилото со Happy, мегахитот на Фарел ги зарази Македонците, па неколку талентирани и откачени дечки направија одлично видео.

Танцувајќи и забавувајќи се на повеќе локации во Скопје и низ Македонија, тие ја покажаа својата креaтивна страна.

„Се случи спонатно и неочекува“, ни раскажува Дејан, едно од креативните момци кои стои зад клипот за Happy, We are from Macedonia.

Според него, се’ почнало кога му се јавил Даниел Стоимилов и го прашал дали сака да е дел од тимот кој ќе го направи првиот Happy спот во Македонија.

„Се најдовме целата екипа на исто место во исто време, го направивме планот и тргнавме. Снимавме на повеќе локации низ Македонија и затоа е Happy – We Are From Macedonia !“, вели Дејан за Нетпрес.

Тој појасни дека зад спотот стојат Олег Бојаџиев, Даниел Стоимилов,  Коста Андонов и многу нивни пријатели. Дејан вели дека негов придонес за овој спот се фотографии со кои ги овековечил незаборавните мигови од снимањето.

Вакви видеа на песната со наслов „Ние сме од…..“ има направено во повеќе светски метрополи, меѓу кои Париз, Виена, Њујорк, Будимпешта, Москва, Мадрид, Белград,а сега има и од кај нас.

 

Одлично!