(Видео) Македонец фатен со 11 килограми хероин во Унгарија

Македонски државјанин бил уапсен во Унгарија со 11 килограми хероин, јави РТС.

Дрогата ја открило полициско куче  под совозачкото седиште на џипот „Х5“ управуван од македонски државјанин.

Кога стигнал на граничниот премин Реске на унгарско-српската граница џипот на Македонецот бил издвоен за контрола. Цариниците го донеле и кучето да го провери возилото и тоа во просторот под седиштето ја надушкало дрогата. Кога го трганале седиштето имало 15 пакети дрога со 11,7 килограми хероин.

Според проценките на тамошните служби, вредноста на дрогата е околу 500.000 евра. Македонскиот државјанин е уапсен и против него е поднесена кривична пријава.