Видео: Македонец од Канада си го убил пријателот за куче

Канадската полиција објави потерница по Борис Пауновски, 70 годишен фризер и одгледувач на кучиња во Торонто, поради убиство на неговиот пријател Донат Фриг исто така одгледувач на кучиња, пренесе порталот Први.мк.

Крвавата пресметка меѓу нив се случила минатиот викенд кога се одржувал натпревар на кучиња. Пауновски не бил повикан, но упаднал на натпреварот. Тој го пресретнал пријателот Фриг кој бил со сопругата, започнал кавга со нив и потоа пукал во нив. Тешко повреден Фриг бил префрлен во болница каде што починал. Неговата сопруга исто така била ранета.

Кандаската полицијата вчера на прес конференција го соопшти идентитетот на осомничениот.

Тие се сомневаат дека Пауновски можеби и побегнал во Македонија или во некоја друга балканска земја.

„Се работи за опасна личност“ изјавија од полицијата .

Пауновски уживал имиџ на плејбој. Тој во 90 тите години имал успешен бизнис со својот фризерски салон . Се познавал со Фриг од 2000 година .