ВИДЕО: Македонец убиен во Австралија, телото пронајдено во џунгла

Македонецот Џон Гашовски е пронајден мртов во Австралија. Неговото безживотно тело било пронајдено на планински пат во џунглата покрај Џамберо, со неколку куршуми во главата.

Неговата сопруга вели дека не може да поверува дека некој можел да го убие нејзиниот сопруг, бидејќи тој бил грижлив татко и добар сопруг.

Таа додава дека немало никакви знаци дека Џон имал проблеми со некого. Тие се чуле изутрината, а тој и рекол дека ќе се врати до вечерта.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.