Македонија го совлада Луксембург со 3:2

Македонскиот репрезентативец Бесарт Абдурахими, синоќа постигна прекрасен погодок во судиското продолжение од квалификацискиот натпревар против селекцијата на Луксембург за пласман на ЕП во 2016-та година.

Со погодокот во финишот на натпреварот Абдурахими ги постигна конечните 3-2 за Македонија на Арената Филип Втори, и во второто коло од групата Ц и ги донесе првите 3 бода на Македонија.

Александар Трајковски погоди во 20-та минута за водство на Македонија против Луксембруг, но гостите имаа предност на полувремето по головите од Стефано Бенси и Давид Турпел. Адис Јаховиќ израмни на 2-2 од белата точка во 66-та минута за Абдурахими, да погоди за конечни 3-2 во Скопје.

Голот на Абдурахими беше прогласен за гол на вечерта од страна на спортскиот канал Sky Sports.

Следниот натпревар на Македонија од групата Ц во квалификациите за пласман на ЕП во Франција, ќе биде во сабота на гостински терен против селекцијата на Украина.