Видео: Македонија се сака со реализација на дела и проекти

Пензиите во просек се зголемени за 62%, а најниските пензии се зголемени за 76%. Следно покачување е во октомври согласно ветеното. Покрај ова за пензионерите се обезбедија многу други бенефиции меѓу кои и тоа што 25.000 пензионери отидоа на бесплатна бања, а оваа година уште 5000 ќе одат. Социјалната парична помош е зголемена за 47%, а постојаната парична помош за 46%.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски вчера на масовниот собир во Спортскиот центар Борис Трајковски.

-Следното покачување е во јуни, но денеска сакам да објавам дека тоа нема да биде за 5 отсто како што ветивме туку, дупло од тоа, за 10 отсто. Над 9000 деца од социјално ранливи семејства отидоа на бесплатен одмор. Платите во јавниот сектор се покачени за 27% и пак ќе растат. Обезбедени се над 300 нови автобуси за градскиот превоз.Обезбедени се 80 нови возила за итна медицинска помош. Над 600 милиони евра се дадени како субвенции за македонскиот земјоделец. Обезбедени се 107 нови товарни вагони за железницата, а ќе пристигнат уште 43 летово, а во производство се веќе композициите на патнички вагони со кои за две третини ќе се замени возниот парк за патници во Македонија, со нови и најсовремени оваа година. Обезбедена е најсовремена медицинска опрема и апарати во вредност од над 100 милиони евра. Над 140 милиони евра се инвестирани или се во тек на инвестиција за изградба и реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи. Намалени се цените на лековите на над 3000 лекови некаде и до 80 проценти. Со специјален закон овозможивме вработување кое е во тек на над 3000 лица кои беа волонтери, за кои државата има потреба. Во тек е изградба на 3 автопати во должина од над 120 километри, за кои се инвестираат околу 1 милијарда евра. Обезбеден е компјутер за секое дете во основните и средните училишта, а почнувајки од оваа и наредните две години ќе извршиме комплетна замена на истите со нови, посовремени кои најверојатно ќе се таблети со тастатури. Достапноста и опфатноста на интернет е зголемена од 16% на над 70%. Додека беа тие на власт да добиеш мрежа за интернет беше равно како да добиеш бинго. Цената на телефонскиот импулс е намалена за над 70%. Партиципацијата за студирање на државните универзитети е намалена од 1000 на 200 , а за дел од нив на 400 евра. Воведена е минимална плата и неколку пати е зголемена со ново веќе најавено зголемување следната година. Решен е статусот на професионалните војници, истакна премиерот.

Од 2006 до сега изградени се 45 основни и 5 средни школи, реконструирани се 230 основни и 80 средни училишта, изградени се 44 училишни спортски сали и 35 спортски сали.

-Изградена е Националната арена Филип Втори Македонски и спортско рекреативниот центар Борис Трајковски. Изграден е нов аеродром во Скопје Александар Велики и целосно е реконструиран и модернизиран охридскиот аеродром Свети Апостол Павле. Воведени се над 15 нови авионски дестинации со евтини летови од Скопје до европските метрополи. Обезбедена е визна либерализација, додаде Груевски.

Премиерот потсети дека Македонија 6 пати по ред добива позитивен извештај од ЕК и препорака за почеток на преговори со ЕУ.

-Добиена е позитивна судска пресуда од меѓународниот суд на правдата во Хаг. Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО, и тоа беше потврдено на самитите и во Букурешт, и во Чикаго и во Кардиф. Во најтешко време на криза во Европа, кога каматите драстично пораснаа, 350 милиони евра се дадени како евтини кредити за македонските компании на кои им се субвенционира каматата во висина од 5,5%. Во тек е и четвртата транша во вредност од нови 100 милиони евра. Обезбеден е откуп на дворови по 1 евро за метар квадратен. Обезбедена е легализација на дивоградбите и земјиштето под нив по едно евро за метар квадратен. Девизните резерви се над 2 милијарди евра, посочи премиерот

.„Тоа значи да се бориш за Македонија“- порача Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.