среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 14

ВИДЕО: Македонка за својот хорор филм првонаградена во Холивуд

film-nagrada-640x853

Последни вести

Краткиот хорор филм снимен по сценарио на Македонка која живее и работи во Холивуд победи на Бламхаус Интерн Филм Фестивал. Филмот насловен  „Фотобомбд“ зад чие сценарио се потпишува 28-годишната штипјанка Александра Миланова, истовремено ги освоил гласовите и од жирито и од публиката.

Ексклузивно за КУРИР таа вели дека за неа е огромна чест што нејзиниот филм добил признание од видни холивудски имиња.

По неговото споделување на фан страната на Бламхаус Продукција на социјалната мрежа Фејсбук, за само два дена „Фотобомбд“ го срушил рекордот на најгледан клип надминувајќи 100.000 прегледи.

Бламхаус продукцијата, која се јавува како организатор на фестивалот кој се одржа во мај годинава, се раководи по модел на висок концепт и низок буџет, по кој е структуиран и самиот фестивал, со цел да се поттикне креативноста на учесниците. „Фотобомбд“ е сниман по строги критериуми каде не е дозволено да се инвестираат парични средства и единствена филмска опрема која е дозволена е телефон со камера.

Инаку, Бламхаус е дом на најголемите хорор франшизи од последниве неколку години, како Паранормална Активност (Paranormal Activity), Злокобен (Sinister), Подмолен (Insidious), како и на познатите трилери Подарокот (The Gift), и Посетата (The Visit), и е една од најпознатите и најбрзорастечки продуцентски компании во Холивуд.

film-nagrada2

За илустрација, главниот извршен директор и основач, Џејсон Блам, се најде на листата на 100 најмоќни личности во забавната индустрија во Холивуд за 2016, објавена во Холивуд Репортер.

Дваесет и осум годишната Македонка вели дека е огромен успех e тоа што нејзиното дело добило признание од луѓе кои направиле револуционерни промени во филмската индустрија.

-Чувството да се биде меѓу луѓе кои направија револуционерни промени во филмската индустрја во Холивуд е неверојатно. Не само што ја имав честа да се најдам во таква средина, туку и истите тие луѓе седеа во кино сала и гледаа филм сниман по мое сценарио. Пресреќна сум што мое дело доби признание од видни холивудски имиња, вели Александра за КУРИР.

Таа во јануари годинава магистриралана на одделот за сценарио на Њујоршката Филмска Академија, каде студиите ги завршила со почести. Паралелно со снимањата и ангажманите во  Холивуд,  наоѓа време нејзините сценариски способности да ги пренесе и на македонските телевизиски екрани.

Филмот ви го пренесуваме во продолжение

 

Најчитани вести