ВИДЕО: Македонски студенти со своја верзија на „Hello“ од Адел

Студентите на Факултетот за музички уметности во Скопје, Дино и Денис создадоа своја кавер верзија на светкиот хит „Hello“ отпеан од Адел.

Имено, Дино е прва, а Денис честврта година на отсекот соло пеење. Двајцата во декември минатата година имаа едни од главните улоги на мјузиклот „Свирач на покривот“ проект на Факултетот и Македоснак опера и балет.

Дино имаа пеено на  „Златно славејче“ и на детска Еврозивија, а Денис  ја има претставувано Македонија во 2005. година на детската Евровизија во Белгија, има настапувано на бројни меѓународни фестивали, а минатата година беше финалист на српското музичко шоу „Ѕвездите на Пинк“.

Двајцата студенти се надеваат дека нивната верзија ќе и се допадне на публиката и ветуваат многу понатамошни соработки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.