Македонија

Видео: Македонските Албанци не знаеа што слават синоќа

Видео: Македонските Албанци не знаеа што слават синоќа

Албански знамиња, пукотници од различни видови оружја или петарди, возила обележани во боите на Албанија и интензивна употреба на автомобилските свирки синоќа можа да се забележат низ дел од скопските, струшките и тетовските улици. Во Струга и Тетово се слави со запалени факели.

Дел од македонските Албанци вчеравечера славеа нешто поврзано со фудбалскиот натпревар во Белград меѓу репрезентацијата на Србија и Албанија но не е јасно што.

Запрашани што прославуваат група млади Албанци велат дека се прославува настапот на Албанската репрезентација во Србија но не можат да кажат точно што точно е причина за прославата, јави Република.

Тие не можат да кажат дали прославуваат за прекинот на мечот, за тоа што албанското знаме слета на теренот на стадионот на ЈНА, за тепачката меѓу играчите или пак за можноста мечот да биде добиен од Албанија со службен резултат.