среда, 22 март 2017  |  Вести денес: 45

ВИДЕО: Македонско знаме се вее во олимпиското село во Рио

Во олимпиското село во Рио де Женеиро синоќа беше подигато македонскот знаме. Знамето беше подигнато во присуство на дел од македонскиот олимписки тим, амбасадорот на Република Македонија во Бразил Ивица Боцевски и шефот на македонската олимписка делегација Владимир Богоевски.

makedonsko-zname-640x294

Последни вести

Во олимпиското село во Рио де Женеиро синоќа беше подигато македонскот знаме. Знамето беше подигнато во присуство на дел од македонскиот олимписки тим, амбасадорот на Република Македонија во Бразил Ивица Боцевски и шефот на македонската олимписка делегација Владимир Богоевски.

Синоќа пристигна и поголемиот дел од македонскиот олимписки тим, кои на 2 август од Скопје замина за олимпискиот град. Прва од САД во Рио пристигна пливачката Анастасија Богдановски, која на церемонијата на свеченото отворање утре вечер ќе го носи македонското знаме.

Последен утре околу пладне во Рио ќе пристигне Марко Блажевски.

Македонија на 31. Олимписки игри во Рио ќе биде претставувана од шест спортисти. Покрај пливачите Богдановски и Блажевски ќе се натпреваруваат уште атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами, џудистката Катерина Николоска и Нина Балабан во стрелаштво.

Најчитани вести