(ВИДЕО) Макрон на Кси му подари коњ, си го „искрши“ јазикот учејќи мандарински

Францускиот претседател Емануел Макрон во текот на својата официјална посета на Кина на својот домаќин и колега по должност Кси Џинпинг му подари коњ од француската Републиканска гарда, а за маките со изговорот на мандарински доби пофалби.

На својот микроблог на Twitter фанцускиот претседател Емануел Макрон објави дека деветгодишниот коњ Везув де Брека ќе биде „симбол на нашето пријателство“, пренесуваат медиумите во Франција чијшто челник во понеделникот ја започна тридневната официјална посета на Кина.

Агенцијата Reuters наведува дека Макрон се решил на ваков подарок, кој Елисејската палата го нарече „допломатски гест без преседан“, откако кинескиот претседател Кси Џинпинг во текот на неговата последна посета на Париз во 2014 година се одушеви од глетката на 104-те коњаници кои тогаш го придружуваа.

Со своите препознатливи сино-црвено-бели униформи, коњаниците на Републиканската гарда се дел од француската традиција и чувари на официјалната резиденција на француските претседатели.

Агенцијата, исто така, неведува дека ова е првпат Франција да подари еден од коњите на елитните коњанички единици, како и дека станува збор за одговор на „пандата на диломатијата“ на Кина, откако сопругата на Макрон стана кума на кинеската панда којашто Пекинг ѝ ја позајми на зоолошка градина во близина на Париз.

„Да ја направиме нашата планета повторно голема и убава“, беше реченицата којашто прво ја изговори Макрон на француски, а потоа и на кинески во француската амбасада.

Но медиумите во вторникот пишуваат и дека пред говорот кој го одржа во колепката на кинеската цивилизација, градот Ксианг во понеделникот во рамките на посетата на Кина, францискиот претедател Макрон имал забрзан курс од мандарински јазик за речениците на овој најмногу зборуван дијалект на светот да ги вклопи во својот говор, а со „потфатот“ се пофали во видео снимка која ја објави на социјалните мрежи. На неа тој вежба мандарински со помош на преведувач, мачејќи се притоа со изговорот и со паузите.

„Ранг – дичиу – заичи – вејда“ прво изговара Макрон, а потоа го прашува преведувачот: „Значи во кој момент ќе вдишам?“. „Ранг, тоа се изговара како Жан, нели?“, продолжува со прашањето додека шминкерката го подготвува за појавување на подиумот.

Реченицата што ја изговори Макрон е всушност верзија на слоганот на американскиот претседател Донал Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“, којшто францускиот претседател ја користеше и претходно. Трамп се реши САД да ги повлече од Парискиот климатски договор, што е една од главните теми на посетата на Макрон на Кина.

Лингвистичките напори на францускиот претседател во службениот говор, како што се покажа, сепак се исплателе, а беа поздравени од корисниците на кинеските социјални мрежи.

„Претедателот Макрон навистина многу се потрудил“, вели еден од корисниците на мрежата Weibo, додавајќи дека реченицата изговорена на мандариснки е одраз на неговата „цврста волја“ својата филозофија за заштита на природната средина да ја спроведе на дело.