Видео: Малата Хуанита има 10 месеци и 20 килограми

Хуанита Валентина Хернандез од Колумбија има само 10 месеци, а веќе достигнала тежина од 20 килограми. Родена е со 2,7 килограми, но ова девојче се развива побрзо од останатите деца.

Стручаците велат дека просечна тежина на бебе на возраста која ја има таа е околу 8,6 килограми.

– Кога имала 15 дена имала веќе буцкасти обравчиња, но се родила многу слаба. Оттогаш нејзината расте, сега има 10 месеци и нејзината гојазност е многу опасна – изјавила мајката на Хуанита, Сандра Франко.

Оваа мајка е невработена, па за Хуанита се грижи една хуманитарна организација од Комубија. Еден тамошен доктор истакнал дека дебелината на Хуанита е вон сите граници и дека сето ова за Хуанита е голема трагедија. Минатиот месец Хуанита била префрлена во болница во Богота каде за неа се грижат лекари специјалисти.

Тие ќе ја пронајдат причината за гоењето на Хуанита, а случајот на ова девојче не е единствен во Колумбија. Таа е трето бебе во една година чија тежина преминува 20 килограми. Илјада деца во оваа земја и милиони луѓе во светот страдаат од гојазност.