ВИДЕО: Малезискиот авион бил соборен?

Малезиски патнички авион од типот Боинг 777 кој попладнево се урна во Украина, во близина на границата со Русија бил соборен, пишуваат странските медиуми.

Како што пренесува Ројтерс, Боингот летал од Амстердам за Куала Лумпур, а потврдено е дека загинале сите патници (280 патници и 15 членови на екипаж).

Според некои пишувања авионот наводно бил на 32.000 метри кога бил соборен, но се уште не е познато дали се наоѓал во руски или украински воздушен простор.

Извор од руската авионската индустрија изјавил за Ројтерс дека авионот на Малезија ерлајнс не влегол рускиот воздушен простор и истиот се урнал во источна Украина. Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, пак, изјавил дека авионот бил соборен од украинските бунтовници.

Самопрогласената Доњецка Република, на про-руските сепаратистички движења во југоисточна Украина негираше вмешаност во соборувањето на авионот.

Компанијата „Малезија ерлајнс“ потврди дека го загубила контактот со МХ17 од Амстердам. Последен пат имале врска кога леталото било над украинскиот воздушен простор.

Во продолжение се видео снимки по падот на авионот.