ВИДЕО: Малку фалеше авионот да падне врз публиката

Воен авион Ф16 за малку ќе се срушел врз граѓаните во Линколн, Англија, кои дошле да го гледаат аеромитингот.

Воениот авион почнал да паѓа, движејќи се директно кон публиката која стоела во близина на пистата. Пилотот за среќа во еден момент успеал да го исправи леталото и со тоа избегнал огромна трагедија.

Она што е сигурно е дека посетителите имале навистина голема среќа.