(ВИДЕО) Манекен од Босна во спот на Лејди Гага

Во новиот спот на Лејди Гага која сама го режираше, се појавува Ајдин Сефер, момче кое потекнува од Босна.

Пејачката пред некој ден објави спот за новиот сингл “G.U.Y” од нејзиниот последен албум „Artpop”. Во него, накратко се појавува Ајдин кој ужива во заведувањето на Гага.

Ајдин во 1999 година како дестгодишно момче го напушти родниот Мостар со родителите и двајцата браќа и во потрага по подобар живот заминува во Америка.

Семејната трагедија, губењето на таткото го зацврсти во намерите да се бори и да чекори по патот кон успехот. Неговиот сон биле манекенството и шоубизнисот.

Работел како модел во  „Matthew agency Michigan”, знаел дека може и повеќе и одлучил да се отсели во Холивуд каде што успехот не изостанал.