ВИДЕО: Масакр во Минхен, најмалку 15 убиени

Неколку лица се убиени во трговски центар во Минхен, кога вооружен маж започнал да пука. Сепак, за сега полицијата не сака да открива повеќе детали, пренесува Ројтерс.

Германски Абенцајтунг пишува дека најмалку 15 лица се убиени.

Според очевидците, во трговскиот центар се слушнале пукотници, а луѓето масовно бегале за да се сокријат.