ВИДЕО: Маска со која засекогаш ќе се решите од акните

Испробајте ја најдобрата маска за лице што можете да ја подготвите сами, која што поради фантастичните  резултати успеа да го освои Холивуд.

Голем број дами се соочуваат со затнати и мрсни пори што ги собираат сите нечистотии на кожата, што прави голем естетски недостаток.

Иако акните се упорни и постојано се враќаат еве еден рецепт за фантастична маска што длабински продира во кожата и ја отстранува нечистотијата дури и на најнезгодните делови, како што се носот, челото и брадата.

Оваа маска е целосно природна, едноставна за подготовка и за употреба. Исто така, таа може да се користи и против бубулици, затоа што нејзината главна состојка (активниот јаглен) ги отстранува сите маснотии што со текот на времето се таложат на лицето.

Маската е најдобро да се користи еднаш неделно и мошне брзо ќе забележите одлични резултати.

Состојки:

  • ½ лажичка активен (медицински) јаглен;
  • 1 лажичка зелена глина;
  • 1 и половина лажичка вода.

Промешајте ги сите состојки добро и нанесете ги на кожата. Кога маската ќе се исуши измиете го лицето со топла вода. Деталното упатство проследете го во приложеното видео.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.