ВИДЕО: Масовен протест против СДСМ, Заев и Верушевски

Од судот се спасивте, од народот нема. Вака гласи еден од транспарентите на масовниот протест на ГДОМ против аболицијата на Зоран Заев, Зоран Верушевски и СДСМ.

Има една суштинска разлика меѓу нас и нив, тука се сите Македонци, а таму некаде се собрани бивши југословени кои сакаат да живеат во мртва држава. Каде се тие, таму и ние, оти не се само тие народ во оваа земја. Нас нè интересира само Република Македонија и нема да дозволиме никој да чепне ниту една буква од тоа свето име. И како што кажа колегата од границата „Ова е моја земја и јас сум спремен и да умрам за неа“, и ова не е само фраза, вели актерот Тони Михајловски кој е дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.


Минатата година Македонија беше соочена со најдиректна закана за нејзината безбедност. Четири долги години луѓе вработени во државната безбедност контролирани и диригирани од Зоран Верушевски ја подривале безбедноста на Македонија, со една и единствена цел да ја оцрнат Република Македонија, да ги оцрнат функционерите што се на власт, да ги урнисат институциите, Република Македонија да ја стават на колена, истакна аналитичарот Александар Пандов кој е дел од Граѓанското движење за одбарана на Македонија кое попладнево органзираше протест пред Собрание поради аболицирањето на Заев и Верушевски.

Зоран Заев и Зоран Верушевски се двајцата главни актери за ова. Тие се крвници на Република Македонија, тие се луѓе кои си ја продале душата за долари, луѓе кои не бираат средства како да дојдат на власт. Сакаат исто сценарио од 2001-ва. Нивниот обид сега е да ставиме рака меѓу себе, Македонци меѓу Македонци да се тепаме, вели Пандов.