ВИДЕО: Масовна тепачка меѓу украинските парламентарци

Насилството од улиците на Киев се префрли и во Парламентот.

Пратениците во украинската „Врховна рада“  денеска со тупаници ги решавале меѓусебните недоразбирања. Тепачката избувнала кога се обиделе да се договорат за измени на Уставот.

Ова не е првпат украинските пратеници физички да се пресметуваат на седница, но овој инцидент се случува во исклучително чувствителен период за целата земја која се наоѓа во длабока политичка криза.

Повеќе од три месеци во Украина е крваво и тензично, откако земјата се подели на поддржувачи и опозиционери на ЕУ.