ВИДЕО: Масoвна тепачка меѓу азилобаратели во центар за регистрација во Германија

Голема тепачка изби помеѓу азилобаратели во центар за регистрација во Германија. Во видеото се гледа дека во тепачката учествувале и жени муслиманки со бурка.

Се гледа дека во тепачката летале столчиња и инвентар, се додека на местото не дошла полицијата за да го воспостави нарушениот мир.

Тепачката се случила вчера во центар за регистрација во индустрискиот дел на Дортмунд, а видеото набрзо беше објавено на социјалните мрежи.

Засега нема објаснувања од полицијата кои биле причините за избувнување на инцидентот. Оттаму наведуваат дека учесниците во тепачката биле на возраст од 14 до 37 години.